Општина Штип ќе донира еден милион денари за настраданите од пожарот во Кочани

Општина Штип ќе донира еден милион денари на настрадание од пожарот во Кочани. Денеска на редовната 59 седница на Советот на Општина Штип, советниците едногласно дадода зелено светло за донирање на средства на донаторската сметка на Црвениот крст. На ваков начин се помага во тешки времиња на семесјтвата на настараданите од трагедијата во Кочани. Денешната седница започна со едноминутен молк во чест на настраданите од пожарот.

Општина Штип изгуби пет свои сограѓани во трагичниот настан кој на 16 март се случи во Кочани. Се отвори книга на жалост во општината, а потоа истата беше поставена на плоштадот Слобода. Се палеа свеќи за починатите, штипјани заеднички беа дел од мирните протести за поддршка и правда, а се одржаа и молитви за побрзо закрепнување на повредените.

Градоначалникот Јорданов, изјави дека заеднички институциите треба да работат во вакви моменти со цел да се надминат проблемите и да се реши случлајот конкретно со таканаречаната дискотека на смртта. Изминатите денови се одржа и совет за превенција во оптшината со цел да се најдат заеднички решенија за да не се повтори ваква катастрофа во иднина.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет