ОК ВМРО ДПМНЕ Штип бара прогласување на кризна состојба во градот

„Состојбата е крајно алармантна! Бројот на заболени со секој нов ден енормно расте со двоцифрен број заболени. Зошто властите не извршат масовно тестирање на сите кои се поврзани со потенцијалното жариште на корона? “ – се огласи преку социјалните мрежи Иван Јорданов, Координатор на опозицијата во Штип.

ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип излезе со апел до надлежните за прогласување на кризна состојба во градот.

„Апелираме за најитно прогласување на кризна состојба во Општина Штип, масовно тестирање на населението, за добивање на реален број на заболени.
Потребни се итни и неодложни чекори, за промена на правецот на кривата на болеста. Властите да не ги кријат и темпираат бројките, туку да ја соопштат вистината на штипјани за секојдневно растење на  двоцифрениот број на заразени!“ – стои во информацијата од опозицијата во Штип.