Околу 30 дечиња од прво до осмо одделение се дел од зимската школа во штипската библиотека

Едукативни работилници, активности преку кои децата се учат да другаруваат, да се забавуваат, учат за лојалност, емпатија, простување, бон тон однесување. Од вчера започна зимската школа за децата од прво до осмо одделение која се реализира во НУУБ „Гоце Делчев“ Штип. Школата ќе трае три дена дена, а традиционално се одржува секоја година. Годинава околу 30 дечиња беа дел од зимската школа.

„Традиционално како и секоја година и овој зимски распуст библиотеката „Гоце Делчев“ Штип ја организира зимската школа. Преку едукативни работилници и разноразни активности во кои ќе бидат вклучени дечиња од прво до осмо одделение кои ќе бидат едуцирани и интегрирани во начинот на доброто однесување, запознавање, другарство, бон тон и слично“ – вели Јамаковски.

Бон тон однесувањето најинтересно за децата кои се дел од зимската школа. Задоволни се, бидејќи велат и за време на зимскиот распуст другаруваат, се забавауваат и учат нови работи.

„Во оваа зимска школа научивме многу добри нешта како да се дружиме и како да имаме почит меѓусебе и другарите и се забавуваме. Најмногу ми беше интересно како да се почитуваме меѓусебно, кога ги учевме бон тон правилата“ – велат децата.

Реализацијата на зимската школа дава големи резултати и има позитивни придобивки за децата кои се на распуст. Освен зимска се организира и летна школа.

„Посебно е важно во овој период кога се вон наставни активности да ги здружиме дечињата, да ги запознаеме со тоа, што поседува библиотеката за најмладите, да ги едуцираме и слично“ – додава Јамаковски.

Зимската школа е во организација на штипската библиотека, а во соработка со Америкнаското катче.

Лаура Стојанова М-Нет