Од 2 август започнува новата ловна сезона, ЛЗ „Ловец“ Штип со воведени новитети

Од 2 август започнува новата ловна сезона на прелетен дивеч. Ловни денови се сабота и недела како и државни празници, а право на лов имаат члновите кои платиле членарина за 2023 година. Од Ловечкото здружение „Ловец“ – Штип велат дека во завсиност од периодот како и старосната граница на ловџиите е и висината на членарината. Ќе се лови на ловиштата на ЛЗ „Ловец“ Штип.

Од оваа година новитет е што секој ловец добива елек и капа во портокалова боја кои задолжително треба да се носат на лов. Од Ловечкото здружение „Ловец“ Штип предупредуваат дека доколку не се носат ловџиите ризикуваат да бидат исклучени од ловот.

„Оваа година како една од мерките којашто е на сила е дека ќе мора секој член на ловот со себе да носи елече и капа. Ова е задолжително оти во спротивно ќе биде исклучен од ловот.“ – дадава Панев.

Инаку здружението го одржа и редовното годишно Собрание на кое се донесоа неколку правилници за новата ловна сезона. Се донесе правилник за членство, за организирање ловечки хајки, правилник на волонтерство, како и едукативни флаери кои ги доби секој член.

Лаура Стојанова М-Нет