Од 16 ноември започнува неделата за грижа на стари лица под мотото „Сите сме нивни деца“

Од 16 до 22 ноември годинава се одбележува неделата за грижата на стари лица, под покровителство на Црвениот крст на националоно ниво. Под мотото „Сите сме нивни деца“ секоја година оваа недела добива свое значење, со разликата што годинава акцентот ќе биде ставен нормално на корона кризата. Со оваа акција им се помага на старите лица да ѓи извршат своите секојдневни работи, односно да се плати сметка, да се дојде до намирници или да се подигнат лекови а без притоа да се прави гужва кај матичните лекари. Овие услоги се бесплатни, со тоа што се плаќа само сумата на намирниците или сметките. – изјави Викторија Милановска, секретар на Црвен крст – Штип. Оваа услуга од страна на Мобилните тимови на Црвениот крст, ќе им биде достапна на граѓаните на Општина Штип и Карбинци, и ќе им даде можност  и на руралните средини за користење на истата. Неделата за грижа на стари лица опфаќа 15 општини на територијата на Република Северна Македонија, со што им се нуди помош на најранливата категорија – старите, да ги извршуваат неопходните задачи од дома. Со тоа превентивно се делува за спречување на ширење на корона вирусот.

Лаура Стојанова М-Нет