
Согласно член 361 од законот за безбедност на сообраќај на патишта, од утре 15 ноември па до 15 март моторните возила кој учествуваат во сообраќајот треба да поседуваат зимска опрема. Под зимска опрема за автомобилте кои не надминуваат тежина од 3.500кг, потребно е да има гуми на сите тркала со длабочина на слојот од најмалку 4мм, или синџири за снег. Со промената на пневматиците се овозможува поголема сигурност и безбедност за време на патувањето. За моторните возила кои надминуваат тежина од 3.500кг потребно е зимски гуми на погонските тркала со минимална длабочина на шарите од 6мм. За автобусите и товарните возила кои поради технички причини не можат да постават синџири потребно е да имаат прирачен алат – лопата. Непочитувањето на одлуката за поседување на зимска опрема е казниво дело, но поголемиот дел од граѓаните претпочитаат почитување на истата. Замената на летните со зимски гуми се прави скоро во сите сервисни центри за гуми во државата, и истото чини по 100денари за замена на една гума и околу 150денари за балансирање во зависност од големината и типот на фелната.
Лаура Стојанова М-Нет