Одржани 24. Митровденски средби на доктори на науки во штипската библиотека „Гоце Делчев“

Одржани 24. Митровденски средби на доктори на науки во НУУБ „Гоце Делчев“ Шти. По повод денот на ослободувањето на градот, денеска се промовираа осум доктори на науки. Најголем дел од нив се од областа на медицинта.

„Доктор на науки станав од областа на патологијата. Мојата докторска десартација е со наслов „Корелација на мутацискиот профил и микросателитската нестабилност како прогностички биомаркери на карциномот“. Ова е од битно значење како за пациентите така и за нас патолозите за да воведеме прогностички елементи за како да се спроведе понатамошната онколошка терапија“ – вели Крстевска.

Според нив Митровденските средби се од големо значење за промоција на нивните трудови кои придонесуваат во иднина за нивната работа.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет