Одлични резултати за боксерскиот клуб Фамилија Демирови на Државното првенство кое се одржуваше во Штип

Боксерскиот клуб Фамилија Демири на Државното првество, а во рамки на првото коло кое се одржуваше во Штип забележа одлични резултати. Клубот од Штип боксуваше со четири боксери и забележа три победи и еден пораз, а ваквиот резултат за тренерот Тархан Демиров е задоволителен.

„Имавме пријавено 11 боксери во сите различни категории, но ни боксуваа само четири. Имавме три победи и еден пораз. Јас сум задоволен од моите боксери имавме поддршка од публиката која ни даваше поддршка“, вели Демиров.

Второто коло ќе се одржува во Делчево како што вели Демиров во изјавата за М Нет телевизија и фокусот веќе е ставен на подготовки за истото.

„Делчево каде што ќе се одржи второто коло, веќе сме насочени таму за тие натпревари, со цел подобри резултати и да бидеме на врвот од таблата. Ќе учествуваме со 11 боксери, но зависи кој боксер во која категорија ќе боксува“, додава Демиров.

Целта како што вели Демиров е да бидат на врвот од табелата според резултатите кои ги постигнуваат.

„Желбата ми е сите мои колеги пријатели од цела Македонија да се дружиме да направиме да биде подобро за нашите млади спортисти во градот Штип“, изјави Демиров.

Боксерскиот клуб Фамилија Демирови како што вели тренерот доделил и признание на боксерскиот клуб Штип и нивниот тренер за развојот на боксот во Штип.

ИЗЈАВА 747G0997 Тархан Демиров, тренер на БК Фамилија Демирови, 00:40 (на првото отварање) до 01:18 (претседателот на бокерската федерација)

„На првото отварање во рамки на првото коло ние како БК Фамилија Демирови доделивме плакета на БК Штип кој е еден од најстарите клубови во Штип, кој има голем придонес за развојот на боксот. Доделивме плакета на Јонче Емануелов и на Ѓорѓи Ѓоргиевски како најстар тренер и на претседателот на боксерската федерација“, вели Демиров.

Претседателот на боксерскиот клуб Фамилија Демирови, Серген Демиров е задоволен од тоа како напредуваат боксерите и клубот, како и од работата на тренерот Тархан Демиров.

Александар Ванев, М-Нет