Одделот за неонатологија при КБ Штип доби нова опрема, донација од Ротари клуб Штип

Нова опрема доби Одделот за неонатологија при Клиничка болница Штип донација од Ротари клуб Штип. Станува збор за повеќе апарати кои ќе се користат кај новороденчињата, а со ова болницата ги подобрува условите и оди чекор напред.

„Со ова одиме уште еден чекот понатаму, минатата година одделот за неонатологија доби опрема со сопствени средства и еве сега добиваме нова опрема која се надевам дека ќе биде само почеток, на Ротари клуб ова не им е прв пат да донираат“ – кажа Георгијев.

„Добивме неколку апарати, станува збор за монитори, минимонитори за следење на витални функции на новородени, греач за бебиња, што исто многу ќе ни користи како топлинска енергија при ургентни сосотојби и третман кај новородените, при реанимација и при други постапки и вентилатор за асистирана вентилација што се користи кај прематурнби бебиња, и ќе ни биде од големо значење“ – кажа доктор Валентина.

Ротари Клуб Штип заедно со Проџект хоум ја обезбедија донацијата во вредност од над 50 илјади евра, а станува збор за проект кој во државата започна пред шест години.

“Затоа сме овде да помогнеме на болницата и на заедницата за пацинетите да бидат третирани во подобри услови. Вредноста на опремата која ја дониравме е околу 50 илјади евра и не планираме да застанеме овде, планиарме да обезбедиме и друга опрема за да и помогнеме на болницата“ – посочија од Ротари клуб Штип.

На Одделот за неонатологија при Клиничка болница Штип само во последната недела дена се родиле 15 бебиња.

Лаура Стојанова М-Нет