Одбојкарките на УГД Студент остварија нова првенствена победа

Продолжува победоносната серија на штипските одвојкарки во вториот разигрувачки дел од Супер лигата на Македонија. Во Штип УГД Студент ја победи екипата на Ускана од Кичево со резултат од 3:1 или по сетови 25:18 ; 25:14 ; 21:25 ; 25:21. Сите млади штипски одбојкарки се заслужни за новиот триумф со што добиваат на искуство и во перспектива се очекуваат уште подобри и по успешни резултати. Колку за потсетување тимот на УГД Студент се наоѓа во групата на екипи кои се борат за пласман од 7 до 14 место на табелата.

Вчера во Тетово требаше да се одигра и Супер одбојкарскиот натпревар помеѓу машките екипи на Лирија и Штип УГД, но истиот се пролонгира и ќе се одигра следната среда.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk