Одбојкарите на Штип УГД ќе играат во Штип а девојките на Младост УГД ќе гостуваат во Тетово

Претстојниот викенд се очекуваат нови возбудувања во рамките на одбојкарските првенства на Македонија. Во Супер машката лига тимот на Штип УГД ќе биде домакин на екипата на Дибра Волеј од Дебар. Според досегашниот учинок се очекува сигурна победа на штипските одбојкари. Натпреварот Штип УГД – Дибра Волеј ќе се одигра во сабота 20 ноември во спортската сала Јордан Мијалков во Штип со почеток во 14.00 часот. Девојките на Младост УГД во натпревар од Втората лига на Македонија во ова коло, утре сабота ќе гостуваат на екипата на Бамикор во Тетово. Во овој викенд ќе се одиграат и натпреварите во рамките од младинските државни лиги на Македонија. Машката екипа на Штип УГД ќе настапи на турнирот во Велес, додека пак женската екипа ќе настапи на турнирот во Струмица.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk