
Фудбалските второлигаши на програмата ќе ги имаат натпреварите од редовното 11 коло во кое вниманието го привлекува средбата во Кочани помеѓу екипите на Осогово и на Слога од Виница. Играчите на Слога предводени од тренерот Никола Кузманов најавија жестока битка со цел да опстанат на врвот и по подолга пауза да најават враќање во прволигашките фудбалски води. Засега тоа им успева и ако сакат да го задржат тој курс ќе мора да одат на победа во Кочани. Од друга страна пак екипата на Осогово во оваа сезона игра топло – ладно што внесе несигурност и внимателност со цел да не се загрози второлигашкиот статус. Дури 5 екипи се борат за опстанок меќу кои и Осогово и ако сакат да фатат приклучок кон сигурната средина на табелата ќе мора да атакуваат на победа. Затоа овој натпревар ќе биде интересен, возбудлив и до крај неизвесен. Со цел приближување на фудбалските настани на стадионот Никола Мантов на гледачите, благодарејќи на одличната соработка со ФФМ нашата Мнет ТВ ќе врши директен пренос од овој дерби натпревар. Еве ги комплетните парови за ова 11 коло:
- Беласица – Братство
- Детонит – Кит Го
- Победа – Кожув
- Локомотива – Каменица Саса
- Осогово – Слога
Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 20 ноември оваа година со почеток во 13.00 часот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk