
Одбојкарките на Штип УГД запишаа уште една огромна победа откако во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип со 3:0 во сетови го декласираа Работнички и со тоа продолжува доминацијата на штипските одбојкари.
Првиот сет Штип УГД го доби со сигурни 25:18, додека пак веќе во вториот сет штипјани доминираа и со убедливи 25:14 го добија сетот за 2:0. Во третиот сет се обиде Работнички да одигра нешто подобро, но не успеа, па истиот го загуби со 25:21. Голема и убедлива победа за радост кај публиката која беше во сала и која даваше силна поддршка за играчите.
Штипјани во претходното коло славеа над шампионот Струмица, сега забележаа уште една голема победата, а целта на клубот е одбрана на Куп титулата, но и атак на титулата во лигата.
Тоа значи дека одбојкаркиот клуб Штип УГД ова сезона ќе води борба за освојување на двојната титула.
Александар Ванев, М-Нет