Одбојкарите на Штип УГД стартуваа со триумф над Универзитет Тетово, пораз за одбојкарките на штипски Младост УГД од Наковски Волеј

Изминатиот викенд започна новата сезона од домашната одбојка во машка и женска конкуренција. Штип УГД кој лани го освои историскиот Куп на Македонија со 3:0 го декласираше Универзитет Тетово на домашен терен со што штипските одбојкари сезоната ја започнаа на убедлив начин.

Весна Пробиштип на домашен терен загуби од Шкендија со високи 0:3, Борец со 3:0 го доби струмички Сушево, шампионот Струмица одбраната на титулата ја започна со триумф од 3:0 над Лирија.

Неизвесно беше на мечот меѓу Скопје и Македонија Џио натпревар кој заврши со резултат од 3:2.

Во однос на женска првата лига штипски Младост УГД загуби од Наковски Волеј со убедливи 3:0 по сетови, Работнички со ист резултат славеше над Струмица. Со резулта тод 3:1 Јанта Волеј беше подобра од Фит Фан Волеј, а пак Вардар ЕМ со 3:2 ја доби Ускана Волеј од Кичево.

Александар Ванев, М-Нет