
Одбиен амандманот кој е поднесен од страна на пратеникот Иван Јорданов при разгледување на ребалансот на Буџетот на комисијата на финансирање и Буџет со кој се предвидува вработените во текстилната и кожарска индустрија средствата да ги добиваат директно на нивните сметки. Јорданов вели одбиен е без образложение.
„Амандманот којшто го поднесов при разгледувањето на ребалансот на буџетот на Комисијата за финансирање и буџет, а со којшто се предвидува финансиска помош на вработените во текстилната и кожарската индустрија директно на нивните сметки е одбиен без образложение и арогантно од страна на претставниците на парламентарното мнозинство и Социјалдемократскиот Сојуз. На овој начин се исклучува можноста на нашите сограѓани да им се даде финансиска поддршка директно на нивните сметки. Но исто така, се исклучува можноста сите работници во текстилната и кожарската индустрија, којшто се останати без работа да добијат платено болничко лекување, да добијат платено здравствено осигурување и покрај тоа што не се во работен однос. Со одбивањето на овој амандман се одбива можноста сите наши сограѓани од текстилната и кожарската индустрија да добијат надоместок од Агенцијата за вработување со покачен процент, наместо 50 проценти“, истакна Иван Јорданов, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип.
Со одбивањето на овој Амандман Власта си го покажува вистинското лице, истакна Јорданов, додавајќи дека Власта не се грижи за текстилната и кожарска индустрија.
Лаура Стојанова МНет