Колку се задоволуваат потребите со по десет достапни блокатори во Штип и Кочани?

Паркинг услугата претставува вистински проблем на денешницата. Речиси секојдневна е борбата да се најде паркинг место плус, за граѓаните да можат да го остават возилото и да завршат некоја обврска. Во општините од Истокот за да се користи паркинг услуга се наплаќа, а доколку користите паркинг место, а не сте платиле се поставува блокатор. Од овде се поставува прашањето колку еве конкретно во Кочани и Штип блокаторите кои се имаат на располагање се доволни.

И Општина Кочани на располагање има десет блокатори , но директорот на КЈП „Водовод“ Андреј Киров истакна дека тие ги задоволуваат потребите на кочанчани. Имено, според направените аналзи во Кочани се поставуваат по 4 блокатори дневно, и за сега нема потреба од набавака на нови.

Во Штип се случува блокатор на возило да стои и по неколку дена, во меѓувреме се известува возачот и се чека да дојде за да си го земе возилото.

Во Кочани немаат проблем со возила на кои блокаторот стои по неколку дена, но и да имаат таков проблем немаат пајак возило. Инаку, за отстранување на веќе поставен блокатор се наплаќа 700 денари за негово отстранување.

Лаура Стојанова М-Нет