Одбележан светскиот ден на бубрегот, од наредната недела започнува скриниг амбуланти во Штип

Секој втор четврток од месец март се одбележува Светскиот ден на бубрегот. Ова е еден од најодбележуваните денови, а целта е да се подигне свеста кај граѓаните да водат грижа за сопственото здравје, односно поголема грижа кога се во прашање бубрезите и грижата за истите. Пацинетите да прават редовна контрола препорачуваат лекарите, бидејќи бубрежната болест е подмолна и во првите стадиуми нема никакви симптоми. Кога веќе има симптоми станува збор за четврта и петта фаза и пациентите завршуваат на хемодијализен третман.

„Хроничната бубрежна болест е подмолна болест и во раните стадиуми немаме никакви симптоми, а имаме прогресија на истата. Кога имаме прогресија тоа е четврта и петта фаза, за жал пациентите завршувааат на хемодијализан третман. Водечките причини за хемодијалистичките третмани или хронична бубрежна болест се дијабетот и покачениот крвен притисок, кардиоваскуларни заболувања, автоимуни заболувања и слично.“ – вели Тасева-Стоилкова.

Со правилна исхрана, редовно вежбање и консумирање на голема количина вода може да се намалат симптимите на хроничната бубрежна болест. Согласно податоците на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ во државата оваа болест е застапена кај 10% од граѓаните. Проценките се дека од хронична бубрежна болест се засегнати повеќе од 850 милиони лица ширум светот.

„Препораки за намалување на бубрежната болест се правилна и квалитетна исхрана, редовно вежбање, консумација на течности особено вода, редовно мерење на шеќер во крвта, контрола на крвниот притисок и за пациенти кои се во ризик, редовно контролирање на бубрежната функција“ – додава Тасева-Стоилкова

Во наредниот период започнваат скриниг амбуланти за хронична бубрежна болест, која ќе биде во соработка со Министерството за здравство. Започнува на 21, 22 март и ќе трае четири месеци.

Лаура Стојанова М-Нет