
Утре ќе бидат одиграни натпреварите од 8. и 9. коло на пинг-понг Суперлигата во машка конкуренција.
Во рамки на осмото коло Вардар ќе игра против Младост, Крива Паланка како фаворит ќе игр против Берово, штипски Шампион ФА ќе игра против Телеко Нец 2 како дерби меч, Пелагонија против Радовиш, а пак дербито на колото ќе биде меѓу второпласираниот Астраион и Струмица и Младост 96 од Прилеп.
Во рамки на деветтото коло Младост 96 ќе ги одмери силите со Вардар во меч каде прилепчани ќе бидат големи фаворити, Радовиш ќе игра против струмички Астраион. Екипата на Телеком Нец 2 против Пелагонија, Берово ќе има тешка задача против Шампион ФА од Штип, а пак Младот ќе има тежок натпревар против Крива Паланка.
Во однос на табелата пред стартот на осмото коло Младост 96 е на врвот со 14 бодови, по 12 бодови имаат второпласираниот Астраион, Шампион ФА од Штип, Телеком Нец 2 и Крива Паланка.
На шесттото место е Пелагонија со 10 бодови, Радовиш е седми со девет бодови, колку што има и Вардар кој е место подолу, на деветтото место е Берово со осум бодови, а на дното е Младост со седум бодови.
Александар Ванев, М-Нет