
Девет партнери од седум европски држави меѓу кои и Македонија се дел од проектот за превентивни пристапи кон зачувување на европското културно наследство. Центарот за развој на Источно плански регион започна со реализација на проектот со кој ќе се подобри управувањето, заштитата и конзервацијата на европското културно наследство преку превентивни пристапи, иновативни технологии и споделување на најдобри практики меѓу јавни органи и партнери од повеќе земји. Во Штип ќе презентира обичајот Четрсе.
„Главната цел на проектот е заедно со девет партнери од седум држави да се работи на спорведување на искуства за зачувување на материјалното и нематеријалното културно наследство. Преку студиски посети и размена на искуства ќе се увиде како европските држави вршат конзервација на нивното културно наследство.“ – вели Здравков.
Активностите веќе започнаа, а проектот ќе трае до 2029 година. Во овој временски период е предвидено да се изработат и промотивни видеа за културните богатства во Источниот регион.
„Имавме студиски посети со партнери каде се утврдија начелата за имплементација на проектот. Очекуваме да се изработат и промотивни видеа за културните богатства во Источниот регион.“ – додава Здравков.
Во проектот учествуваат 9 партнери од следните Шпанија, Италија, Естонија, Унгарија, Романија, Белгија и Македонија.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет