Нуредини: „Пејпер мил“ ќе започне со работа само доколку ги исполни обврските

По речиси три месеци пауза, кочанската фабрика „Пејпер мил“, ќе започне со работа само доколку ги исполни обврските и критериумите кои се поставени, истакна денеска во Штип, Министерот за животна средина, Нуредини.

По инспекциите направени од страна на Државниот инспекторат за животна средина во кочанската фабрика „Пејпер мил“ беше констатирано дека гасовите кои се испуштаат од нејзините оџаци ги надминуваат дозволените вредности на прашина и јаглероден монооксид, и затоа истата беше затворена, кон средината на јануари оваа година.

Нуредини исто даде свој одговор за изградбата на мини хидроцентралана на Мала река на брана Градче. Тој посочи дека потребно е да се почитуваат договорите од минатото, но и дека има простор повторно да се разгледа оваа изградба.

ОЈО Кочани покрена постапка околу хидроцентралата на Мала река. Градоначалникот на Општина Кочани, Илијев истакна дека ќе ја достави целата документација која се бара од нивна страна за изградба на оваа мини хидроцентрала. Одборот за здрав живот Кочани и граѓаните се против изградба на оваа хидроцентрала.

Лаура Стојанова М-Нет