
Ноќно мокрење, потенок млаз и капење на крајот од мокрењето се првите аларми дека простатата има проблем. Во ноември, месецот на машкото здравје, урологот д-р Венцо Шопов од Клиничката болница во Штип предупредува, по педесеттата година, ниту едно станување навечер за мокрење не е нормално. Ако се појават и прекини при мокрењето или траги од крв, тоа може да биде знак за воспаление или посериозна болест. Мажите треба да реагираат навреме, прегледот трае малку, но може да спаси многу
,,Почесто мокрење, но еден од првите знаци за простата е ноќното мокрење. Во вораста 50-55 години навечер не треба да се станува да се мокри. Тоа е значи најпрвиот симптом, потоа другите симптоми се потенок млаз пропратен со прекини, прекине па повторно има. После 50 тата година почнува на крајот да има капење тоа се вика терминален дирбилинк и дел од пациентите ќе речат еве сега почнав и да мокрам и вез кондурите. Крварењето е еден од симптомите кои што се појавува почесто кај простата при по јако воспаление имаме го и тој симптом. Кога се појави тој симптом пристапот на урологот треба да е по комплетен за да не се работи за некоа по сериозна болест.“, рече Шопов
Симптомите на ракот на простата се речиси исти како кај зголемената простата – почесто мокрење, прекини, слаб млаз и чувство на непотполно празнење. Но, д-р Венцо Шопов нагласува дека кај ракот промената е во самата градба на простатата, и затоа е важно болеста да се открие навреме. Ракот на простата, додава тој, може целосно да се излечи со оперативно лекување ако се дијагностицира рано, преку испитување на туморски маркери.
“Ракот на простата скрос можеме да го излечеме со оперативно лекување. Ние тоа го откриваме преку испитување на туморски маркери за простата. И овде симптомите се слични во просек 50 проценти и опстрактивни и иритативни, али таму е друга промената. Промената во градбата на простата.”, додава Шопов
Раното откривање е клучот за здрав живот и спасена иднина. Мажите често ги игнорираат првите знаци, но токму тие можат да бидат пресудни. Еден едноставен уролошки преглед може да направи разлика меѓу навремено излекување и задоцнета дијагноза. Во месецот на машкото здравје, пораката е јасна, грижата за себе не е слабост, туку најголема сила.
Иван Митев, М-Нет