Ноќва изгоре автомобил на улица „Пиринска“ во Штип

Пожар на автомобил во Штип ги активирал единиците и на полицијата и на Противпожарната единица Штип. Имено во 01: 05 часот по полноќ на улица Пиринска во Штип избувнал пожар, кој речиси целосно пеплосал автомобил мерцедес. Пријавата во СВР Штип пристигнала во 01:24 часот од страна на сопствениката, информираат од полицијата.

„Во 1:24 часот во СВР Штип е пријавен пожар на автомобил марка мерцедес на улица Пиринска во Штип. Пријавата е од страна на 20 годишната сопственичка. Увид на местото на настанот извршија полициски службеници од СВР Штип и дополнително ќе се утврдуваат причините за пожарот“ истакна портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова во разговор за М-Нет телевизија.

Од страна на Противпожарната тертиторијална единица Штип потрвдија дека интервенирале во текот на ноќта и дека пожарот е запаленото возило е изгаснато. Командирот на ТППЕ Штип, Тони Атанасов во телефонски разговор за М-Нет кажа дека на терен биле две возила со пет пожарникари, а возилото е изгаснато за половина час.

Утринава на местото на настанот присутни беа и инспектори кои вршеа увид и кои дополнително ќе известа за причините.

Нема жртви, односно причинета е само материјална штета.

Лаура Стојанова М-Нет