Нов режим за наплата на паркинг од денеска во Штип, поради летното сметање на времето

Нов режим за наплата на паркинг од денеска во Штип, поради летното сметање на времето. Наплатата од понеделник до петок ќе се врши во периодот од 07 до 21 часот. Промената ја соопштија од ЈП „Стипион“, од каде информираат за новиот распоред. Саботата останува со непроменет режим на наплата на паркинг. Наплатата во сабота и понатаму ќе се врши од 07 до 15 часот.

„Поради започнување на летното сметање на времето, ве информираме дека од 30.03.2026 (Понеделник) ќе има промена во времето за наплата на паркинг во Општина Штип.

Од понеделник до петок, наплатата ќе се врши во периодот:

07:00 – 21:00 часот

САБОТА – Наплатата останува непроменета:

07:00 – 15:00 часот“, велат од ЈП Стипион

Од ЈП „Стипион“ апелираат граѓаните да го почитуваат новиот распоред и навремено да го регулираат паркирањето, со цел поголема ефикасност и подобар сообраќаен ред во градот.

Иван Митев, М-Нет