
Дипломите од УГД Штип се веќе признаени во ЕУ, но со членството во европската алијанса, нивната вредност дополнително ќе расте. Ректорот на универзитетот Дејан Мираковски, вели дека македонските кадри, особено лекарите, со дипломата, сега успешно работат во странство. Во рамки на алијансата, покрај националната, кажа дека се воведува и заедничка европска диплома, која ќе функционира според европските стандарди и посебен систем на акредитација
,,Една од целите е, но исега нашите дипломи се признаени во ЕУ, мора да се потенцира тоа. Впрочем многу наши лекари, се лекари и надвор од државата, но овој процес ќе биде целосно олеснет, бидејќи идејата на овој европски универзитет е покрај националанта диплома, да се издаде и доплома од европскиот универзтиет, кој што кажавме правното лице ќе биде лоцирано во Брисел. Ќе работи по европските, исклучиво во европските норми и правила, ќе има посебен систем за акредитација, ќе има посебен академски одбор и сетоа тоа ќе им олесни на нашите студенти, движење во тој високообраозвен простор и соирање на знаења, кој јас искрено се надевам дека ќе ги користат овде во нашата држава.“, вели Мираковски
Членувањето на УГД во Европската асоцијација на универзитети носи дополнителна вредност за универзитетот, особено во делот на размена на студенти и знаења. Според градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, ова ќе овозможи стекнатите знаења да се пренесат во градот и директно да придонесат за позитивни промени на пазарот на трудот, како и за обезбедување квалификувана работна сила што ќе го поттикне развојот на локалната економија.
,,Членувањето во европската асоцијација на европски универзитети, даваат дополнителна вредност на универзитетот, за размена на студенти. Сетоа она кое што како знаење ни е неопходно, да биде пренесено во нашиот град, кое дирекно ќе влијае на позитивни промени на пазарот на трудот и можност компаниите да најдат соодветна квалификувана работна сила, која ќе го развива и го движи нашиот град.“, кажа Јорданов
За ова посебно се благодарни студнетите од овде, кои велат дека имаат посебна поддршка од професорите за нивен напредок.
,,Можам слободно да кажам дека сме горди што се под покровителство на нашиот универзитет, како и на самата работа и поддршка која што е взаемна низ овие години, која се покажала и докажала низ делата што ги имаме направено. Би сакал да се заблагодарам за секој еден, кој што се залага за нас студентите.“, велат студентите
Инаку, целта како што посочи ректорот Мираковски е дипломите да пружат дополнителна можност за работа, како во земјава така и во странство.
Иван Митев, М-Нет