Нов пчелник доби Општина Кочани, донација од Словенската Влада

Пријателството и соработката меѓу нашата држва и словенската покажани на дело. Словенската Влада донираше пчелник на нашата држава поточно на Општина Кочани, а домаќин на настатнот беше Институтот за ориз во Кочани. Пчеларството е една доста значајна гранка, од која живеат и егзистираат голем број семејства во држвата. Бенефитот од ова е доказот дека соработката меѓу двете држави е на високо ниво.

„Ова е за поздравување бидејќи директно самите пчелари направија еден ваков линк една ваква соработка преку Владата на епублика Словенија и понатаму продолжуваат да ги развиваат, да ги разменуваат нивните искуства бидејќи глобалните климатски промени кои влијаат на одржувањето на развојот и одгледувањето на пчелата е потребна“ – кажа Трајан Димковски, заменик министер за земјоделие

Радува фактот дека во последните години бројот на пчелни семесјтва во државата е зголемен за 60 илјади. Според Димковиски старите верувања дека медот се користи како лек треба да биде променет бидејќи медот и пчелните производи се користат и како храна.

Важноста на медот треба да се учи уште од мали нозе, истакна претседателот на Меден Исток, Ванчо Кировски. Тој вели дека Македонија е на едно добро ниво кога е во прашање пчеларството бидејќи се уште имаме медоносни растенија и различен биодиверзитет.

Минатат недела во центарот на Кочани се организираа и денови на медот, со што се покажува дека оваа гранка во регионот оди чекот напред, а се помага и на економијата.

Лаура Стојанова М-Нет