
Во сабота 9 август ќе се одржи 17 протестен Марш за ангелите во Кочани. Семејствата на настраданите од пожарот во дискотеката Пулс ќе маршираат по веќе утврдена рута, почнувајќи од Паркот на револуцијата, преку трговскиот центар, општинската зграда, полицијата, завршувајќи пред Судот и Јавното обвинителство во Кочани. И оваа сабота маршот ќе започне 18:05 часот како порака за задоцнета реакција.
-Ве известуваме дека „Маршот за ангелите“ единствено е организиран од семејствата на починатите и повредените во пожарот во Кочани и ги замолуваме сите граѓани да го почитуваат ова и да не се приклучуваат доколку целосно не го прифаќаат и поддржуваат маршот и неговата реализација, стои во писменото известување испратено до медиумите.
Претходната сабота Марш за ангелите во Кочани не се одржа заради празникот Илинден.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет