
Детското одделение при Општата болница Кочани доби нов ехо апарат донација од Ротари клубот Кочани Виница. Ова е најзначајниот проект на ротари клубот Кочани Виница за 2020 2021 година, а со донацијата се олеснува работата на медицинските лица, а воедно се нудат поголеми услови за пациентите од регионот. Проекто е реализиран од страна на „Ротари Клуб Кочани Виница“ во партнерство со Проџект хопе и Министерството за здравство.
„Дониран е ехо апарат кој е наменет за Детското одделение при Општа болница во Кочани и се надеваме дека ќе придонесе во секојдевната работа со малите дечиња. Едоставно ќе им ја олесни работата на оние кои на кои во моментот им е најпотребно, тоа се нашите доктори, нашите херои кои што во периодот кој измина ја заслужуваат секоја помош која може да им биде овозможена“ – истакна Претседателот на Ротари клуб Кочани Виница, Васко Таковски.
Освен ехо апарат Општата болница во Кочани доби и други апарати кои и се потребни како и пижами и потелнини.
„Освен ехо апаратот имаме донирано и еден аспиратор, два инхалатори за деца, еден апарат за притисок, пижами и постелнини“ – кажа Андреј Алексов, Претседател на Ротаракт клубот Кочани Виница.
На настанот денеска пред Општата болница во Кочани присуствуваа и дирекоторот на болницата Александар Серафимов, како и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, кои ја истакнаа благодарноста кон Ротари клубот, бидејќи донацијата пристигна во време кога е најпотребно.
Денешната донација на Ротари клубот Кочани Виница е со единствена цел во време на пандемија да им се помогне на оние на кои им е најпотребно тоа, прво пациентите, а потоа и да им се олесни работата на медицинските лица.
Лаура Стојанова М-Нет