
Учебната година заврши за учениците но само полуматурантите и матурантите добија свидетелства затоа што им се потребни за упис во средно образование или на факултет. Од Бирото за развој во образованието истакнаа дека свидетеслства ќе се обезбедат и за учениците кои имаат итна потреба од сведителство поради преселба или продолжување на школувањето во странство. Останатите ученици најверојатно свидетелства ќе добијат пред почетокот на наредната учебна година. Претходно во неколку училишта свидетелствата се наплаќаа од страна на учениците, па од Сојузот а средношколци бараат Државниот просветен инспекторат јавно да ги објави извештаите за спроведените инспекции од училиштата кои наплаќале за свидетелства.
„Ги поздравуваме инспекциите, но навистина не’ интересира методологијата на извештаите, односно како дошле до овие заклучоци“, изјави новиот лидер на Сојузот, Лука Павиќевиќ, пред МОН.
Од средношколскиот сојуз упатија порака и до училиштата: „Вратете им ги парите на учениците, оти само така можете да го решите овој проблем. Срамно е да се наплаќаат свидетелства, особено во година со неквалитетна онлајн настава“.
Лаура Стојанова М-Нет