Брегалница освои бод со гол на Дарко Додев постигнат во 94 м.

Екипата на Брегалница остана непоразена и по 4 одиграни прволигашки кола. Во Велес екипите на Борец и на Брегалница одиграа нерешено 1:1 (0:0). Домашните фудбалери дојдоа во водство во 66 м. со голот што го постигна Трајковски по што домакините имаа и две стативи. Брегалница до „златен“ бод дојде во судиското продолжение, односно во 94 м. по одличниот центаршут на Маневски, топката со глава беше префрлена кон Дарко Додев кој биеше небрането во мрежата на Борец. Еве ги комплетните резултати од ова 4 коло:

  1. Борец – Брегалница 1:1
  2. Струга ТЛ – Шкупи 4:2
  3. Скопје – Пелистер 1:0
  4. Шкендија – Македонија ЃП 4:0
  5. Работнички – Тиквеш 2:1
  6. А. Пандев – Ренова вечерва

Следното 5 коло ќе се одигра на 28 август с тимот на Брегалница на „градски“ во Штип ќе се сретне со екипата на Академија Пандев.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk