Ново катче за сите генерации доби населба Сењак 4 во Штип

По три децени конечно ново, современо катче за сите генарции добива населбата Сењак 4, односно потегот меѓу зградите. Со поставена вештачка трева, нови спортски содржини, летниковци и жителите од оваа населба ќе има каде да го поминуваат своето слободно време. Градоначалникот Јорданов истакна дека активностите се преземени по барање на жителите, а овде со години претходно не се променило ништо.

“Станува збор за едно мало катче кое го уредуваме за овдешните жители, од најмалите до највозрасните. Ќе се постави подлога за баскет, за мал фудбал, целосно уредување на овие спотрски терени, осветлување, нови детски реквизите“ – кажа Јорданов.

Граѓаните задоволни, велат ваква инвестиција е потребна подолг временски период, само треба она што се прави да се чува.

Во оваа прилика Јорданов повоторно упати апел до граѓаните да бидат совесни и да не го уништуваат она што се прави. Дополнително истакна дека игралиштето во истата населба кое беше уништено веќе е санирано.

Вкупната инвестиција за уредување на овој простор е 600 илјади денари пари обезбедени од Буџетот на Општина Штип. Целта е секоја штипска населба да добие спортско игралиште, катче каде ќе го поминуваат своето словодно време.

Лаура Стојанова М-Нет