Ново големо засилување за Слога Виница, промовиран Љупче Христовски од Беласица

Третолигашот Слога Виница не запира и продолжува да се засилува за пролетниот дел, но воедно и да го подготвува тимот за баражот за влез во Втората лига.

По промоцијата на искусните Иван Настевски и Тони Мирчевски од второлигашот Детонит Плачковица, во тимот од Виница доаѓа и Љупче Христовски од Беласица.

Станува збор за млад и талентиран, но перспективен играч, кој ќе биде големо засилување, но и освежување во тимот предводен од штипскиот стратег Емил Грнев.

Слога Виница ништо не остава на случајност, иако има солидна бодовна предност во однос на второпласираниот тим на Овче Поле од Свети Николе, во пролетниот дел виничани сакаат да доминираат и максимално подготвени да влезат во баражот и да се вратат во Втора лига.

Во следните денови ќе следува уште едно големо засилување кое ќе биде вистинска трансфер „бомба“ во Виница.

Александар Ванев, М-Нет