Нови градинки и старечки домови ќе се градат во Штип, градоначалникот активно работи на проектите

Нови градинки и старечки домови ќе се градат во Штип. Градоначалникот Иван Јорданов рече дека покрај ставената во функција ДГ во нас .Три чешми, општината оваа година е во план да направи и нов клон, нов капацитет за воспитно згрижувачкиот процес и во нас. Македонка. Додава дека сетоа она кое што во минатото требало да се направи, а не било направено, тој како градоначалник ќе продолжи да го прави.

“Ќе се градат нови градинки и старечки домови и нови проекти, кои што граѓаните ги заслужуваат од сите сегменти и од сите сфери на нашето општество. Во план за оваа година, покрај изградбата на ДГ во нас. Три чешми, која што е ставен во употреба е да се направи и нов клон, нов капацитет за воспитно згрижувачкиот процес во нас. Македонка, така да сетоа тоа кое што во минатото требало да се направи, а не било направено додека сум градоначалник ќе продолжам да го правам.“, вели Јорданов

Јорданов најави реализирање на проекти во сите сегменти, со што и понатаму ќе се инвестира како образование и воспитно-згрижувачки институции, така и во инфраструктурта на градот.

Инаку, моментално Општина Штип работи на патната инфраструктура, а оваа 2025 година се очекува да биде многу плодна за рехабилитација и реконструкција на улиците, со што Штип пополека, но сигурно ќе ја обнови патната инфраструктура, која што е застарена повеќе од 40 години. Дополнително се работи и на тротоарските површини со цел пешаците бидат безбедни, а се работи и на спортски и детски игралишта за младите, кој се од особена важност за градот. Општината исто така работи и на изградба на нова обиколница, која ќе ги поврзува нас пребег, железничка и викенд нас плуждино, како и на доизавршување на бул партизанска. Во најава е изградбаата на новиот мега парк на површина од 700 000 м2 во кое е предвидено да има мало езерце, зеленило и хорти културно уредување.

Иван Митев, М-Нет