Нова подземна инфраструктура, уредени тротоари и асфалт доби улицата „Пиринска“ во Штип

Започна асфалтирањето на улицата „Пиринска“ во Штип. По повеќе од половина век оваа улица целосно ќе биде реконструирана, со нова водоводна мрежа, асфалтирање и уредување на тротоарските површини со бекатон плочки.

Граѓаните кои живеат овде главно се задоволни од она што се работи на терен, велат после долги години нема да газат кал и прашаина, а дополнително имаат и нова подземна инфраструктура.

На улицара Пиринска се работеше на промена и реконструкција на водоводната линија со вкупна вредност од над 2,8 милиони денари. Станува збор за промена на подземна инфраструктура стара 50 години, Се работеше и на уредување на тротоарските површини и поставување павер елементи на површина од 1900 метри квадратни, за што се издвоија 1,8 милиони денари. Денеска започна и асфалтирањето на улицата со вкупна површина од 3830 метри квадрати за што од Буџетот на општината се издвоија 5,5 милиони денари.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет