
Нова блуза, тренарки или патики може да се купи еднаш во три месеци. Со денешните „нормални“ примања штипјани велат дека купувањето облека и обувки станува луксуз, бидејќи најголем дел од парите се трошат за храна, лекови и сметки. Штедат по неколку месеци за да може да се подноват со блуза, џемпер или да задовлат некоја друга потреба.
Ако во месецот се погоди свадба тогаш ситуацијата е значитело потешка согласни се анкетираните штипјани. Велат дека ако немаат зашедено пари за свадба треба да земат кредит за да може да дадат поклон и да купат фустан. Дел од нив додаваат дека за свадба, ако немаат пари одат во облека која веќе е носена.
Инаку, согласно податоците на Државниоот завод за статистика трошоците на животот во групата облека и обувки во месец септември 2024 година останаа на исто ниво како и во претходниот месец.
Лаура Стојанова М-Нет