Николов: Секој штипјанец заслужува кров на глава и топол дом

Со обврзување на кандидатот за градоначалник од редовите на Социјалдемократскиот сојуз, д-р. Сашко Николов, Штип би бил безбеден град, со кров над глава, и топол дом за сите граѓани. Во интерес и со грижа за граѓаните беше ветувањето на денешната прес конференција.
„Продолжуваме да работиме врз принципите на социјална правичност и еднаквост. Според приоритетите на граѓаните, ќе продолжиме да градиме одговорно, квалитетно и домаќински. Еден од проектите во нашата програма е изградба на сто типски куќи во населбата „Света Недела“. Со ова ќе помогнеме да го решиме проблемот на нашите сограѓани кои се со социјално загрозени семејства, и на тој начин живеат во нелегализирани градби во субстандардни и нехумани услови.“ – беше дел од обраќањето на д-р. Николов.
Со продолжување на веќе започнатите проекти и активности за разубавување и урбанизација на градот под Исарот, штипјани ќе добијат побезбеден и подобар начин на живот.

Лаура Стојанова М-Нет