Бочварски: започнување со изградбата на река Отиња и социјални станови во Пробиштип и Виница

Министерот за транспорт и врски Бочварски излезе на владина прес конференција на тема предлог буџетот на министерството за транспорт и врски за наредната календарска година. Во овој предлог буџет има вклучено и неколку проекти кои се лоцирани во источниот регион.

Она што сум посебно горд како министер и претходно како градоначалник е што започнуваме со изградбата на браната на река Отиња во Штип упатувам и благодарност до претходниот министер за транспорт и врски и другите институции кои беа вклучени во подготовките за реализација на овој многу значаен проектза Штип и за целиот регионот.

Освен изградбата на брана на реката Отиња која е многу битен капитален проект за Штип и целиот регион министерот кажа дека како резултат на добрата организација на министерството со другите надлежни институции за подобрување на животот кај најранливите категории на граѓани во Пробиштип и Виница

Поради обезбедување на станбено прашање за најранливите категории на граѓани заедно со АД за стопанисување со станбен и деловен простор продолжуваме со изградба на социјални станови во Пробиштип, Свети Николе, Виница, Бутел, Неготино а започнавме веќе во Демир Капија и Гевгелија и се подготвуваме да започнеме и во Велес за оваа намена предвидени се 134 милиони денари.

Поради пандемијата со корона вирусот не останаа имуни ниту проектите предвидени во годишната програма на министерството за транспорт и врски за оваа 2020 но министерот се надева на постепена стабилизација на ситуацијата и целосна реализација на предвидените активности и проекти за наредната 2021 година.