Низа проекти реализирани во ОУ „Никола Карев“ Кочани, в.д. директорот со отчет за сработеното

Отворена новата наставнича канцеларија во ОУ „Никола Карев“ во Кочани, исплатени сите долгови на училиштето кон приватниот превозник за превоз на учениците, намалени долговите кон КЈП Водовод се само дел од презентираните завршени работи во ОУ „Никола Карев“ за само шест месеци. В.д. директорот Александар Андов на денешниот отчет вети дека посветно и одговорно како и до сега продолжуваат со работа и во наредниот период.

„Условите во училиштето се подобрени според мене на многу повисоко ниво од колку што беше претходно, платени се сите сметки за превоз на превозникот и со тоа се докажува дека одговорно работиме. Исто така и оние тековни работи кон КЈП Водовод се намалени, имаме поддршка од наши пријатели“ – вели Андов.

Задволен од сработеното во претходните месеци е и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов. Во оваа прилика тој истакна дека со поддршка од Локалната самоуправа ќе се постават фотоволтаици на кровот на училиштето, а ќе се пристапи и кон уредување на училишниот двор.

„Сакам да најавам дека Општина Кочани и понатаму ќе продолжи со поддршката на сите училишта како и на ОУ „Никола Карев“ и дека веќе сме на пат да реализираме уште еден проект преку ИПР за поставување на фотоволтаици на кровот на училиштето за кое самото училиште изготви проект. И уште едно ветување од страна на Локланата власт во Кочани со соодветна апликација кон соодветни институции ќе направи напори за реконструкција на училишниот двор и околината во кругот на училиштето“ – кажа Папазов.

Во претходниот период се работеше и на осветлувањето во училиштето при што целосно е осветлен првиот спрат, а обезбеден е и асфалт за нов паркинг простор пред самото училиште.

Лаура Стојанова М-Нет