Непрооден пат од обилните снежни врнежи заглави штипски планинари на Пелистер

Голем број на штипски планинари од ДПС Лисец во моментов се заглавени во хотел на Пелистер поради неисчистен снег на патот и паркингот пред хотелот.

„Ги контактиравме службите во Битола, но засега немаме никаков конкретен одговор кога ќе биде исчистен снегот“, изјавија планинарите од Штип за М-Нет Телевизија кои во овој момент се наоѓаат завеани во хотел на Пелистер.

Штипските планинари апелираат до надлежните да го исчистат патот за да можат да се вратат во своите домови.