
Непочитување на пешачките премини е честа слика во Штип. И покрај тоа што има одбележани пешачки премини на улиците, сепак често пешаците знаат да чекаат да се најде некој љубезен кој ќе ги пропушти. Граѓаните на Штип велат дека неретко забележуваат како возачите држат и мобилен телефон, па тоа некако според нив ја зголемува опасноста за да има несакани последици.
Друг дел пак децидни дека и пешаците треба да внимаваат, бидејќи многу често тие знаат многу бргу да излезат на пешачкиот премин, без да се видни за возачите.
Во согласност со ситуацијата за да се воведе сообраќајна култура Општина Штип заедно со надлежните институции превземаат мерки активности за поголема безбедност. Во следниот период ќе поставуваат видео камери, согласно проектот безбеден град, ќе се одбележуваат соодветно пешакичите премин и сообраќајници.
Иван Митев, М-Нет