Непозната материја од Лепенец се влева во Вардар; Ѓорѓиевски: Толеранција нема да има за никого, ининспекциските служби на терен

Скопксиот градонаќалник Орце Ѓорѓиевски информира дека до Град Скопје пред половина час пристигнала пријава за непозната материја која од реката Лепенец се влева во Вардар.

Инспекциските служби, соопшти тој, веднаш излегле на терен, а дополнително биле контактирани и инспекциските служби на Министерството за животна средина, кои, како што објави, исто така веднаш излегле на терен.

„Дополнително, од страна инспекциските служби на град Скопје, беше пуштен и дрон за детектирање на причинителот на оваа појава, а службите од ЈП ,,Водовод и канализација” беа повикани за да земат примероци од реката и веднаш ги испитаат и утврдат за каква материја станува збор.

Во комуникација сме со Министерството за животна средина и министерот и верувам дека за брзо време ќе биде откриен причинителот на оваа појава и соодветно санкциониран“.

Тој потенцира дека за никого нема да толеранција.

„Веднаш штом добиеме подетални информации од Министерството кое е надлежно за разрешување на состојбите ќе бидете информирани“.

Текстот Непозната материја од Лепенец се влева во Вардар; Ѓорѓиевски: Толеранција нема да има за никого, ининспекциските служби на терен е превземен од МАКФАКС.