Неподнослива миризба од фарма во Чардаклија, од комуналниот инспекторат велат дека ќе се работи на случајот

Миризбата од фармата која се наоѓа помеѓу Чардаклија и Балканска секојдневно претставува проблем за граѓаните кои живеат во населбата Балканска. Велат дека поради високите температури неподносливата миризба е се почеста а со тоа се зголемува и појавата на инсекти. Фармата порано била затворана но сега повторно е отворена.

„Можеби има три, четири месеци кога се стопли времето има повеќе муви и има смрдеа не е добро. Па не, не сме се жалеле на никој али кога седеш тука не е добро, навечер мириса. Сега многу е топло времето али кога дувне ветер донесува повеќе миризба и не е добро.“

„Тоа е повеќе време јас многу не сум запознат не сум од тука блиску сум инаку повеќе време е кога , како што како е немам надлежност да кажувам кој е виновен а кој не. Чувствува се секако да таа миризба ја има а од дека е што е јас не можам да утврдам. Има разни варијанти треба екипа да помине да видат. Како не е се е проблем, кога има миризби, кога не е добро таман е.“

Велат дека миризбата е со поголем интензитет во летниот период кога температурите се високи и неподнослива е за сите кои живеат таму. Посебно се осеќа во вечерните часови или кога дува ветер.

„Они порано работеа на таа фарма беа ја призатвориле, сега слушаме дека па ја отварале, таа е ситуацијата. Инаку за миризбата непријатно е тоа не е баш добро. Јас лично не, за други не знам. Сигурно некој има поблиску до тоа оти тоа е веќе помеѓу Чардаклија или Балканска тие што се поблиску таму сигурно се реагирале некои. Секако претставува и за инсектите повеќе ги има поради смрдеата било што природата не е баш пријатно.“

Од општина Штип истакнаа дека пријава пристигнала и кај нив. Комуналниот инспектор при Општината посочи дека во наредниот период екипи ќе излезат на терен и ќе ја проверат фактичката состојба со фармата на лице место.

Лаура Стојанова, М-Нет