Неочекувана вест: Октај Дерелиоглу повеќе не е тренер на Гостивар!

Неочекувана вест денес во Втората македонска фудбалска лига, откако тренерот на Гостивар, Октај Дерелиоглу си поднел оставка и си заминал од клубот.

Госитвар официјално сè уште се нема огласено за разделбата со турскиот стратег кој го водеше клубот во изминатиот период. Гостивар има амбициозен проект со кој се цели кон пласман во Првата македонска фудбалска лига, а до крајот на овие шест кола Гостивар го чека тешка борба без право на грешка доколку сака директен пласман во елитата на Македонија.

Неофицијално како што кружат информации во фудбалските кругови е дека се работи за несогласувања на управата на клубот со Дерелиоглу по ремито во големото дерби со Вардар (0:0).

Мурат Дабан и Рамис Газелци кои беа помошници на турскиот стратег Октај Дерелиоглу ќе го водат Гостивар во следните односно последни шест натпревари од сезоната.

Целта на Гостивар е директен влез во Прва лига, односно освојување на првите две места. По 24 одиграни кола Гостивар е трет на табелата со 55 бодови, бод повеќе има второпласираниот Вардар, а пак Воска Спорт е на врвот со 59 бодови или четири повеќе од Гостивар.