
Нема здравје без ментално здравје, ова општопозната максима индивидуално ја почувствувал секој оној што се соочил со стравот како најголем непријатен на човекот. Подолготрајниот страв од несигурност, губење на чувство на безбедност и неизвесност. Дел од овие симтоми се дефинирани и препознаени од младата популација која упатува повик за помош. Младите се информирани и нивните добро отворени хоризонти алудираат на директно обракање до професионалците пред кои дирекно говорат за товарот на сопствените негативни емоции. Во време на пандемија психолозите евидентираат зголемување на повиците за помош.
Психологијата е дефицитарна тоа го покажа испитот на пандемијата. Компетентни советодавни стручни лица од оваа област се потребни бидејки, професорите од овој сектор велат дека наталожените и потиснати анксиозности допрва ќе се манифестираат или како длабока повлеченост во себе, како меланхолија или пак како излив на насилство.
Денес се одбележува светскоит ден на менталното здравје, под сеуште актуелно мото“ДОСТОИНСТВО ВО МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ”. Оваа година ќе биде година на подигање на свеста за она што може да се направи и да се обезбеди за луѓето со ментални здравствени проблеми, со цел да продолжат да живеат со достоинство, да се почитуваат нивните човекови права и да се почитува нивната информираност и согласност за лекување.
Охрабрува фактот што токму младите како двигатели на новото време наогаат начини навремено и квалитетно да се насочат кон изнаогање на вистински решенија за актуелната индивидуална состојба со менталното здравје која секако во раце на професионалци станува минливо.
Маре Стојилова М нет
Дарко Лазев М нет