Неколку екипи се откажаа од натпреварување во Трета лига!

Пролетниот дел од Третата македонска фудбалска лига нема да го продолжат неколку екипи, кои се откажаа од понатамошно натпреварување, па некои региони ќе бидат значително помали.

Во четири од пет третолигашки региони има откажување на екипи, само во Трета лига – Север екипи кои ја започнаа сезоната ќе ја доиграат до крај.

На Истокот нема да продолжи екипата на Светлост од Зрновци, со што овој регион ќе брои десет екипи односно една помалку. Откажувањето на Светлост од понатамошно натпреварување ќе направи да има во секое коло по дури две слободни екипи, а со тоа и помалку натпревари.

Со откажувањето на Светлост од натпреварување, малата рурална општина Зрновци останува без сениорски фудбал.

Трета лига – Југозапад ќе биде најмал регион, таму со натпреварување ќе продожат девет екипи, откако Велешта Јунајтед беше дисквалификувана од понатамошно натпреварување. Причината поради која екипата беше дисквалификувана е поради неоправдан настап на два првенствени натпревари.

Во овој регион од десет екипи со натпреварување ќе продолжат само девет и ќе биде најмалиот регион.

Откажување од понатамошно натпреварување имаше и во Трета лига – Запад, каде тимот на Зајас се откажа по само неколку кола и беа поништени резултатите на овој тим, па така и во овој регион од 12 екипи останаа 11 и во секое коло има по една слободна екипа.

Во Трета лига – Југ пак пред стартот на сезоната со натпреварување се откажа екипата на Слога од Лажани, па од 14 екипи овој регион брои 13 екипи и во секое едно коло има по една слободна екипа.

Само во Трета лига – Север нема откажувања, тамо се натпреваруваат 14 екипи од почетокот на сезоната, а ќе продолжат и во пролетниот дел.

Според најави од следната сезона се очекува реорганизација на Третата македонска фудбалска лига, а како што е познато шампионите немаат директен влез во Втора лига, туку играат бараж, кој доколку го добијат стануваат дел од второлигашкото друштво.

Александар Ванев, М-Нет