
Тага, скршени срца, неизмерна болка и тишина, река од народ и денеска мирно маршираа во Кочани, одржан протестот „Задоцнета реакција“ за настарданите од пожарот во дисктоеката. „Нашите ангели заслужуваат правда“, „Дали требаше да ги убиете нашите деца,за да увидиме во каква корумпирана држава живееме“, „Ова не е несреќа, ова е убиство“ беа само дел од пораките преку транспаренти кои се испратија денеска.
Маршот започна од градскиот парк во Кочани, преку трговскиот центар, до општинската зграда, а пред Јавното обвинителство и Судот во Кочани, семејствата на настраданиете порачаа, „Бараме отчетност за сработеното“.
Ова е втор протестен марш кој го организираат семејствата на настраданите од дискотеката Пулс. Првиот исто така со голем број луѓе се одржа претходната сабота, а беше насловен како „Марш за ангелите“.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет