
Преку свечена манифестација, со игра и музика денеска дечињата од детската градинка Гоце Делчев Виница беа домаќини на Еразмус плус проектот на кој учествуваат шест држави. Настанот започна со свечен пречек на гостите пред влезот на градинката, а продолжи со изведба на музички точки погдготвени од дечињата, разгледување на градинката и изведба на активности на отворено во дворот во детската градинка.
„Ние сега сме домаќини на Еразмус прокетот. Тоа е прокет за релизација на проекти на отворено на дечињата од градинката на отворено. Прокетот е во траење од три години и ние сме партнерска градинка каде учествуваат шест држави, меѓу кои Естонија е координатор на прокетот, а учествуваат Грција, Турција, Полска и Словенија.“ – кажа Богданов.
Децата секогаш сакаат да играат на отворена вели Богданов, активностите на отворено и во шума им се омилени па овој проект е од огромно значење и со големи придобивки.
„Придобивките се огромни и бенифитите за децата, бидејќи во реалност децата многу повеќе сакаат да играа и да се забавуваат на отворено. Секога кога ги прашаме дали сакаат да се реализира играта внатре, тие секогаш сакаат надвор.“ – додаде Богданов.
Дечињата изведуваа музички точки на песни од сите држави учеснички, а кулминација се достогна кога во кореографиите учествуваат сите прсетавници и гости.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков кои им посака топло добрдојде на гостите.
Овој прокет од меѓународен карактер е прв за детската градинка Гоце Делчев Виница со тенденција и понатаму да се соработува и да се собираат придобивките од ваквите настани.
Лаура Стојанова М-Нет