
Трката за да се обезбеди место во Првата женска кошаркарска лига се „разгорува“ – дури три екипи се израмнети во врвот на табелата од Втората женска кошаркарска лига по одиграни седум кола.
Гевгелија, Гостивар и Струга со по 11 бодови го делат првото место и тоа е јасен показател дека до крајот на сезоната ќе гледаме неизвесни натпревари за тоа која екипа да го обезбеди место во елитата.
По седум кола тимот на Тим Арена од Штип е во средината од табелата односно на четвртото место со девет бодови, а за штипскиот состав е екипата на Охрид како петта со осум бодови, Шкупи кој е шесто со седум бодови, а на дното од табелата е тимот на Риниа Баскет со пет бодови, односно овој тим нема позитивен резултат.
Првопласираната екипа од Втората лига ќе влезе во Првата кошаркарска женска лига за сезона 2026/2027.
Александар Ванев, М-Нет