Неизвесност и недоверба со појавата на нов хантавирус, граѓаните збунети

Неизвесноста и недовербата кај граѓаните се повеќе растат со појавата на новиот хантавирус, кој засега велат дека е далеку од нас. Дел од нив велат дека се чувствуваат „уплашени“ и дека здравствениот систем наместо сигурност, создава дополнителна паника и неизвесност за пациентите. Граѓаните реагираат дека човечкиот живот станува „се поевтин“, додека интересите и профитот, според нив, се ставаат пред здравјето и достоинството на луѓето.

„Уплашени сме, едно време кога испадна короната, знаеш ли колку луѓе? Знаеме ова е уште пострашно, треба тие да изјават за да ги добиеме вакцините бидејќи се мешаме со народ, гледај сега блиску стоеме, треба два метри да бегаш од мене подалеку, да ви е јасно. Не знам што да ви кажам, нема да ја биде. Тие големите, врхоцните, за да го намалат народот, гледај народот 80/90% е поболен, сега мислеш ли дека имаме спремни лекари? Не, ќе ти пише некоја дијагноза, без врска и ти ќе се распаѓаш.“

„Тоа станува веќе нормално, секојдневие, светот минува низ.. Интересите владеат. Па се енаметнато, многу луѓе на земјата и човечкиот живот станува многу евтин. Живееме на еден вештачки начин, далеку сме од природата и последиците се тие, ништо чудно.“

Додека дел од граѓаните велат дека веќе „воопшто немаат гајле“ и дека младите различно гледаат на состојбите, кај други расте стравот дека зад глобалните кризи и здравствени случувања стојат моќни интереси и трка по профит.

„Вооопшто гајле немам, младите тоа го следат повеќе. Како за старите они што се грижат, младите за старите, старите за младите.“

„Ковидот, колку е точно, ноповеќе е точно дека некој го створил, сега страшно е и ова некој да не го створил, па да се прошири, ковидот беше страшен чувај боже, сега страшно е да не е нешто такво. Страшно е , веќе луѓето за богатство, за профит не знаат што да направат и човечки животи уништуват.“

Во атмосфера на збунетост и поделени мислења, анкетираните граѓаните во едно се согласни, тие се сомневаат дека ова е глобална игра.

Дајана Сандева, М-Нет