
Пандемијата која го зафати целиот свет, не ги изостави и продавачите на стока во пазарот на Општина Чешиново – Облешево. Од стока, крави, бикови, телиња до кози и кокошки, се може да се најде овде, но побарувачката е за некои иста, а за поголемиот дел од продавачите значително намалена. Стока има, но луѓето не ја бараат, а и да сакаат да купат цената е многу ниска, дознавме од нашата направена анкета. Разочараноста која очигледно се забележува кај продавачите на стока, се гледа и кај продавачите на оглави и звончиња, кои можат да се најдат на лице место, малку подолу на сточниот пазар во Општина Чешиново – Облешево. Загрижувачки е и фактот, што и месарите веќе не купуваат домашна стока од пазарите, па робата се враќа повторно дома. На овој пазар најчести посетители се жителите на околните села. Тие ги носат своите животни овде на продажба, но цената од 80 до 120 денари жива мера, не ги задоволува потребите на продавачите. Маката и трудот се големи, а резултатот незадоволителен.
Лаура Стојанова М-Нет