Први декември – светски ден за борба со ХИВ вирусот

 Се одбележува Светскиот ден за борба против сидата први декември и тоа е шанса луѓето ширум светот да се обединат во борбата против ХИВ, да покажат поддршка кон луѓето кои живеат со ХИВ/СИДА и да се сетат на оние кои починале. Светскиот ден за борба против сида прв пат е одбележан во 1988 година и е прв глобален ден за здравјето. Денес науката доста напредна во терапијата за ХИВ и постојат закони кои ги штитат лицата кои живеат со ХИВ. Но и покрај тоа, луѓето воглавно не знаат како да се заштитат себе и другите од ХИВ и стигмата и дискриминацијата останаа реалност за многу луѓе кои живеат со ХИВ.

Сидата е тешка заразна и смртоносна болест која се карактеризира со ослабнување на имунолошкиот систем а тоа е всушност последниот стадиум од заразата со хив. Се размножува во белите крвни клетки извор на инфекција е секое инфицирано лице со хив вирусот тој се пренесува преку сексуален однос без заштита, употреба на дрога со исти шприцеви и игли, прибор за лична хигиена и другата причина е од мајка на дете поточно преку бременост доење и слично. Иако живееме во модерно време сеуште не е пронајден лек за сидата, постојат лекови кои го продолжуваат животот но не го уништуваат вирусот.  

Светскиот ден за борбата против сида е важен да ја потсети јавноста и владите дека ХИВ не исчезнал-дека постои и понатаму витална потреба да се соберат средства, подигне свеста, победат предрасудите и да се подобри образованието. Иако овој ден е добра шанса пошироката јавнност да почне да зборува за тоа и да се спроведе знаењето во акција, не смееме да заборавиме колку е важно да се јакне свеста за ХИВ во текот на цела година. Црвената панделка е меѓународен симбол кој ја одразува свеста за постоење на ХИВ/СИДА. Триесет години после првите случаи на ХИВ, црвената панделка е универзален симбол на свест и поддршка на оние кои живеат со ХИВ. Луѓето ги носат во текот на цела година, а посебно во време на 1-ви Декември- Светскиот ден за борба против HIV/AIDS како би ја изразиле својата загриженост за ХИВ и сида и луѓето кои живеат или се опкружени со нив.